речник контакт

Концерт за душа и срце на Равница

Со понудениот репертоар никого не оставија рамнодушен

Петар Печков

Два и пол часа  тамбурашкиот оркестар  Равница  просторно и временски ја  прошета присутната  публиката  во Велес а  таа со силни аплаузи ги наградуваше седумте члена од ансамблот. Старите бисери на војвоѓанската песна, босанските севадлинки, далматинските песни  ги пееја и членовите на групата но и присутните во Амфитеатарот од Младинскиот парк. 

Ги пееја заедно и  југословенските шлагери од 70-тите и поп хитовите од 80-тите но и странските евергрин теми. Тоа беше вечер за полна  душа и срце, кога жиците на инструментите се кинеа а не се паузираше, коментираше публиката, која не им даде лесно за си заминат членовите на  составот од сцената.

Беше прекрасно, ме вратија во младоста. Не можев да претпоставам дека  вака убаво  и весело ќе си поминам оваа свежа августовска вечер. Им благодарам од се срце, ми ја исполнија душата – изјави  една постара госпоѓа која се симна и лично да им честита на музичарите и да се заблагодари за убавите моменти.

Други пак не пропуштија да танцуваат со некоја од нумерите. Сите беа во одлично расположение. Тамбурашкиот оркестар Равница доаѓа од северот на рамната Бачка, од Суботица Војводина. Ова им е прв нивен настап во Македонија за 21 година постоење. Оваа есен ќе го издадат и нивниот прв ЦД со авторски песни. Ансамблот брои седум члена сите со музичко образование тројца со високо останатите со средно и  основно.

Дадовме свој максимум, публиката беше извонредна.  Се надевам дека бевме добри колку што публиката беше одлична.  Имаше одличен меѓусебен флуид. Ние сме тука за да и биде на публиката убаво а се надевам дека треба беше и во Велес. Тамбурата може да  свири се, од народни песни, преку евергрин теми, поп  нумери до класична музика. Затоа е таа посебна, два посебен звук  - Никола Јарамазовиќ член на составот. 

Тие имаат свирено со познатиот Звонко Богдан, за жал не и со големиот мајстор на тамбурата  Јаника Балаш.   Равница на публиката и даде единствена можност да слушне изведба на тамбура и неколку нумери од панонскиот морнар Ѓорѓе Балашевиќ.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »