речник контакт

Лаки и Ријана згрижени, добија дом

Текст за дел oд младите од градот кои сонуваат и прaват се за да го променат на подобро животот на животните

Петар Печков

 Наместо авторски текст,  го пренесувам текстот кои  Здружението на заштита на  животните ,,Гласот на животните,, го постави на нивниот ФБ.Во прво лице еднина, обраќање кон читателите...

Точно е дека сме само петнаесетина луѓе кои веруваат во својот сон дека ќе го променат животот на животните.

Можеби не сме фенси здружение со свои шелтери и редовни спонзорства. но сме група на луѓе кои со огромна страст го посветуваме својот живот во спасувањето на друг живот кој некому му е безначаен.

Цврсто стоиме на ставот дека секој живот е бесценет и ниту еден живот не е помалку важен од другиот. Подготвени сме да соочиме со секој предизвик кој ќе ни го подготви нечовечноста на луѓето, спремни сме да покажеме како треба. СПРЕМНИ СМЕ НА ЗЛОТО ДА ВРАТИМЕ СО ДОБРО. и денес конечно успеавме да го смениме животот на едно мало јагне и едно магаренце засекогаш.

Денес Маграенцето кое беше крвнички претепано и оставено конечно стигна во својот дом заедно со малото Јагне Лаки ,кое судбината го донесе во наши раце само кога имаше 1 ден. Токму кога ги спасивме овие два живота и кога не знаевме што понатаму случајно дознавме за Илија и неговата Еколошка Фарма.

Тоа беше токму она што го замислувавме и го баравме. луѓе тоа е РАЈ ЗА ЖИВОТНИТЕ. Она што го прави Илија за животните не може да се опише со зборови, можете да го доживеете и сфатите само доколку го видите со сопствени очи.

Таму владее една хармонија помеѓу Човекот, животните и природата. Сакаме од наше име и од името на Лаки И Ријана да му се заблагодариме уште еднаш на Илија што им пружи уште една шанса за живот и покрај огромниот број на животни и скромните примања.

Оваа не е Ваша обврска, но ако донирате правите добро дело
ЗЗЖ ГЛАСОТ НА ЖИВОТНИТЕ
ДЕНАРСКА СМЕТКА: 300270000101436
ДЕПОНЕНТ: КОМЕРЦИЈАЛНА Банка АД Скопје
Донирајте по ваша желба !!

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »