речник контакт

Ограбена продавница со закана од пластичен пиштол

Разбојникот побегнал, одзел 2,5 илјади денари

Петар Печков

 Во понеделникот вечерта извршен е грабеж во продавница во Велес. Според МВР  настанот се случил  околу 20,45 часот, на ул. „Тодор Јанев“ во близина на Детската градинка,  во колонијалната продавница „Афродита“ сопственост на Г.Б.(51).  

Непознат сторител со закана со пластичен пиштол и употреба на физичка сила, извршил разбојништво над вработената, при што од касата одзел 2.500 денари. Полицијата  презема мерки за откривање на сторителот. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »