речник контакт

Од Новата година се враќа дежурството во аптеките

До пред три години овие дежурства беа редовна појава, откако се укинаа сега се врaќаат

Петар Печков

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) од 1 јануари почнува со организирани дежурни аптеки со цел обезбедување континуирана здравствена заштита на осигурените лица во текот на ноќта, за време на викенд и државни празници согласно потребите на населението, како и за непречено обезбедување лекови на рецепт од листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот.

Заедно со Фармацевтската комора дојдовме до решение во градовите каде што има над 30.000 осигуреници и најмалку 15 аптеки во градското подрачје, да има дежурни аптеки кои ќе работат во текот на ноќта и за празниците- велат од Фондот на Здравствено осигурување.

За градовите кои имаат помалку од 15 аптеки и помалку од 30.000 жители, ќе има обезбедено дежурна аптека која ќе биде достапна на повик, а информациите на кој телефон ќе може да се повика и која аптека во овие градови е дежурна ќе ја има на веб-страницата на Фондот и  ќе биде објавена во дежурните служби во соодветните места.

Pеализираните рецепти од дежурните служби за ургентни терапии ќе бидат посебно финансирани, односно, како што истакна, нема да бидат во квотата која ја добива аптеката. Аптеките за време на дежурството нема да бидат ограничени само со издавање лекови пропишани на рецепт од лекар од дежурна служба, односно начинот на работењето за време на дежурството ќе го определат самите аптеки.

Листата на дежурни аптеки ќе имаат обврска да ја истакнат на видно место во здравствените домови каде се организира дежурна лекарска служба, заедно со Листата на лекови кои можат да ги пропишат лекарите од дежурната служба

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »