речник контакт

Одбележани 72 години слободен Велес (фото)

Врачени општинските награди 9-ти Ноември. Градоначалникот Чадиев порача работиме во интерес на граѓаните

Петар Печков

Со свечена седница локалната власт го одбележа 9-ти Ноември Денот на Општината. На неа беа доделени општинските признанија.  

Спомен плакета добија: Маркард,  министерот без ресор Џери Наумов, д-р Милчо Трајков, д-р Тања Анѓушева од   Болницата Филип  Втори Скопје.    

Благодарници им беа врачени на:  Народен музеј,  Дијана Иванова –новинар, Моника и Илија Стојчевски –архитектите по чиј проект беше изграден велешки театар.  

Пофалница идобија:   Љупчо Ѓоргиев планинар, актерката Слободанка Чичевска,  Камелија Дукова, Младинскиот црковен хор Св. Кирил и Методиј,, .

Признанието за најстудент  ,,Ѓорги Шоптрајанов,,  го доби Надица    Шкрекова која студира на Медицинскиот факултет  при УКИМ Скопје и има просек 9,92.  

Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев во обраќањето за тоа што е градот денес посочи еден пример.

 Локалниот економски развој на Велес можеби на прв поглед не се забележува, но нека Ви биде индикатор се поголемата потреба од згрижување деца во градинката. Ако пред  пет  години бројката на згрижени деца во градинката се движеше околу 700, денес капацитетите од 1200 деца се исполнети а на листата на чекање има околу 200 дечиња. 

 Тој порача дека локалната власт работи во интерес на граѓаните и е нејзин сервис.

 Општина Велес не би била она што е – една од водечките, ако не и најдобра во Република Македонија, ако не е вистински сервис на граѓаните. Проблемите со кои тие се соочуваат најчесто се од комунална природа, затоа нашите програми за комунално уредување се најголеми и за нив се издвојуваат најмногу средства. Правиме максимални напори во секое населено место да има пат, водоводна и канализациона мрежа, спортски терени, осветлување и простории за работа на месната канцеларија. Во градот покрај секојдневните одржувања на инфраструктурата планираме големи проекти, како покриен градски пазар, премостување на Вардар кај Речани, зелен пазар во населба Тунел и тн. - порача Чадиев. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »