речник контакт

Отворена изложба на Соња Чингарова Фотева (фото)

Изложени се 27 дела масло на платно. Изложбата предизвика голем интерес кај велешани

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес отворена е изложба на Соња Чингарова Фотева, именувана ,,Мандала,,. Таа пред велешката публика се претставува со  27 дела, работени во маслена техника, во период од 10-тина години.  

Низ сите овие години, фокус на нејзиниот интерес, проучување и уметничка инспирација се различните културни наследства и филозофии.  Сето тоа го преточува во своите сликарски и поетски дела, иако нејзиното сликарство и поезија се засебни подрачја на нејзината уметничка експресија.

Мојата  сликарска кариера ја започнав од тука во Велес, пред 23 години.  Затоа овде се затвора кругот. Но од утре започнува некој нов. Со моите слики јас раскажувам многу нешта. Еве овој лавиринт е  местото или средината каде сите ние го почнуваме нашиот живот пат. Замки има, патот  е еден и мораме сами да го најдеме. Се надавам секој од нас сериозно ќе започне по  патот и ќе стигне до целта.  Оваа изложба е пресек на сите мои истражувања, знаења и исполнувања. Моја цел е да се најде средината, идеалното решение, тоа е помеѓу црното и белото - изјави авторката Чингарова Фотева.

Таа има  дипломирано  Историја на уметност и Археологија на Филозофски факултет  а со сликарство се бави од 1991 година.  Иако нејзиното сликарство и поезија се засебни подрачја на нејзината уметничка експресија, тие преставуваат органско единство. Авторката има објавено три поетски книги и реализирани 10 самостојни изложби во земјата и странство, првата во Велес во 1993-тата.  Изложбата ја отвори директорот на Музеј на град Скопје Љубен Тевдовски   кој  е и организатор.

Оваа изложба е вистински симбол на  отвореноста, универзалноста на вредностите и умот. Сигурен сум дека  во Велес град на светлината, ова е соодветна изложба, која го  поврзува со  македонската престолнина, со луѓето и ги подигнува над дневната политика и дневното живеење во универзалноста - изјави Тевдовски.  

Изложбата во родниот град на авторката ќе биде поставена следните две седмици а отворањето предизвика голем интерес кај велешани. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »