речник контакт

Патнички воз удри во контејнер фрлен на пругата

Повредени патници и персонал нема, само материјална штета на новиот кинески дизел воз

Петар Печков

Новиот  кинески  патнички дизел воз удри во контејнер фрлен на  пругата во Велес. Од Македонски Железници велат дека повредени патници и возен персонал немало, но дека е причинета материјална штета.

Инцидентот се случил во неделата во 2,30 часот по полноќ, на делицата од пругата Велес - Битола и тоа во новиот дел на градот, близу    надвозникот.  Патничкиот воз кој сообраќал на линијата Скопје - Битола, удрил во метален контејнер кој бил на пругата.

 Машиновозачот не го видел контејнерот, оти било мрак а бил поставен и на свиок близу излезниот сигнал од Железничка станица Велес. Возот не застанал туку продолжил со патувањето.

Соседите од местото каде се случил  инцидентиот велат дека контејнерот е фрлен на пругата од блиското место каде е поставен за собирање на смет. Непознат сторител или повеќе од нив, ноќта од двата контејнери  едниот го фрлеле на пругата, по што  на него наишол патничкиот воз.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »