речник контакт

Повторно одложено рочиштето за отворање на стечај на ВВ Повардарие Неготино

Откако не им чинеше Основен суд Велес, сега должникот бара иземање на стечајната судијка и претседателот на судот

Петар Печков

И второто рочиште  за отворање на стечај на Винарска визба ,,Повардарие ,,Неготино,  не се одржа.  Откако на   28- декември лани, должникот побара иземање на Основен суд Велес а Врховен го отфрли, на ова рочиште застапникот на должникот побраа изземање на стечајната судијка Валентина Ѓоргиевска и претседателот  на  судот Александар Шопов.    Ова го побраа поради  како што рекоа,  лошите искуства кои ги имале со предмети од велешкиот суд.

Со неколку времени мерки изречени од Освоен суд Велес, се загрози работењето на друштвото и се нанесоа големи и сериозни штети - изјави  адвокатот Васко Томановиќ.

Мерките  за кои тие реагираа биле донесени по барање на велешкото обвинителство а по поднесената кривична пријава против директорот на ВВ Повардарие, заради обезбедување на имотот.    

Новото рочиште ќе се одржи  во Основен суд Велес, по решавањето на барањата за иземање. Претходно во судницата каде се решаваше  по барањето за отворање на стечај на ВВ ,,Повардарие ,,Неготино,  неговите застапници  најавија дека друштвото има обезбедено стратешки инвеститор.

Ден пред ова рочиште,  најден е странски  стратешки инвеститор. На барателите за отворање стечај  им нудиме исплата веднаш на 10 отсто од долгот а остатокот на 24 рати, со обезбедена банкарска гаранција.  Во интерес на винаријата, доверителите и на винаро производителите е ,,Повардарие,, да  продолжи со работа. Затоа бараме  доверителите да се откажат од барањето за отворање стечај – рече адвокат Мирјана Марковска.  

На прашање од судијката Ѓоргиевска, кој е инвеститорот, Марковска рече дека нема дозвола да го објави, но прецизираше дека е стратешкиот инвеститор од ,,Вино Жупа,, во Аранѓеловац – Србија, кој пак  е  стратешки  инвеститор во ВВ ,,Повардарие,, Неготино.  

Оваа понуда  беше отфрлена од двата доверители, кои бараат стечај -Царинска управа на  РМ која има побарување од 720 илјади евра и ,,Полед шпед,, од Неготино, која  дополнително  се приклучи од ова рочиште со побарување од  13 илјади евра.     

Остануваме на предлогот за стечај. Понудата е неприфатлива, паушална, без доказ за стратешкиот инвеститор и уште еден обид за одложување на стечајот. Можеме да разговараме ако парите се намират веднаш и во целост – рече Методи Мицевски правен застапник на  Царинска Управа.  

По ова адвокатите на должникот ветија исплата на вториот доверител  ,,Полин  шпед,, од Неготино во целост уште истиот ден а наместо доверителите да се откажат од стечај, понудија рочиштето да се одложи за 20 дена, додека ги средат правните работи за исплата на долговите и банкарските гаранции.  Ова беше неприфатливо за  Царинската управа, која остана за отворање на стечај. Во продолжение на седницата, судијката Валентина Ѓоргиевска започна  со разгледување  на барањето, а застапниците на должникот настапија со нивното барање за изземање на судијката и претседателот на Основен суд Велес.   

Неодамна  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја избриша винарската визба „ Повардарие“ АД Неготино од Регистарот на производители на вино поради неисполнување на обврските од Законот за виното, односно неисплатената рата за откупеното грозје. Според законските одредби, откупувачот на грозје може да го плати износот на три рати. Првата во висина од најмалку 20 отсто треба да се исплати најдоцна до 15 декември во годината кога е извршен откупот, втората рата во висина од најмалку 40 проценти најдоцна до 15 февруари и третата најдоцна до 30 април следната година од годината во која е извршен откупот.

Полицијата поднесе кривична пријава против В.К. (48) од Кавадарци, управител во АД „Повардарие" Неготино, за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Според пријавата  во 2015 година Царинска управа на Македонија поднела тужба за долг за ненаплатени царински давачки од страна на АД  „Повардарие“, по што била блокирана жиро сметката. Пријавениот, сакајќи да го избегне плаќањето на долгот кон Царинска управа и други доверители, во 2015 година отвора и друга жиро сметка на која ги врши сите потребни трансакции за сметка на Винарска визба „Повардарие“. Виното го продава од име на Винарска визба „Повардарие“, а добиените парични средства со најразлични цесии, асигнации, компензации и други документи ги насочува на жиро сметка на „Анго-Вест“ Кавадарци, фирма на која е управител и преку која понатаму со тие средства врши трговски дејности, купува вештачко ѓубре, заштитни средства и ги продава на лозарите. Злоупотребувајќи ја службената положба и овластување и непочитувајќи Решение од Основен суд Велес, во периодот од 12 декември 2016 година до 27 јануари, ја намалил вредноста на имотот на ВВ „Повардарие“ за сума од 647.948 евра во корист на Јерузалем вино Хрватска, ДОО ММС Црна Гора, Виножупа Србија, Каранта Словенија, како и дополнително продал вино во количина од 69.700 литри за 11.361.630 денари на фирмата Риго Инвест.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »