речник контакт

Почетокот на наставата без проблеми, помалку првачиња од лани

Засега има 462 првачиња.Средно училиште посетуваат 2674 ученика

Петар Печков

Училишната  година започна за сите ученици во општина Велес. И покрај најавите  од  пред месец дена на родителите од Башино село и Сливник, дека нема да ги  пуштат децата на настава во  овие подрачни училишта поради лошите просторни услови, на првиот училиштен ден сите беа во училниците.

Локалната власт најави дека проблемите за кои родителите се жалеа, ќе бидат санирани па така  учениците седнаа во клупите а родителите ќе чекаат остварување на ветената санација. Прво одделенци се  462  ( оваа бројка не  е конечна, се очекува зголемувње наредните денови) што е за 37 помалку отколку лани 499, во 2011-та имаше 411 првачиња.  Во  осмо осмолетка настава следат 514 а во осмо деветолетка 547 ученици. 

Во четирите средни училишта  настава посетуваат 2674 ученици. Во Економска  540, во      Хемиска   634, во   Гимназија  800 и во Коле Неделковски    700 ученика.

По повод 72 години од смртта на патронот на училиштето Коле Неделковски, во училишниот двор се одржа пригодна свеченост . Потоа чествувањето продолжи во родното место на Коле Неделковски, селото Војница каде  пригодно читање на песни од поетот и револуционер имаа учениците од училиштето.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »