речник контакт

Пресудата за убиството во Ореше, се темели на исказот на Бреза и полиграфското тестирање

Обвинетите веќе поднеле жалби

Петар Печков

Врз  сведочењето на  сведок ,,Бреза,,   во фазата од судењето кога тој бил загрозен, се темели пресудата за убиството во селото  Ореше. Со неа во првостепена  судската  постапка Ѓоре Петревски доби  13  години затвор  како нарачател  а браќата Ордан и Љупчо Ѓоргиевски по 10 години како извршители. Во писмената одлука на Основниот суд во Велес пишува дека  ,,Бреза,, на прецизен и  јасен начин, дал хронолошки  опис на  битните факти, кои се од значење за делото.

 Во образложението судот дава доверба на исказите на ,,Бреза,, како загрозен сведок,  бидејќи и тој самиот ја одбил телефонската  понуда од Петровски, да го изврши убиството на ,,мечката,, како што го нарекувале Лазо Милошевски и покрај понудената  награда.

Судот не го  прифаќа сведочењето на Златко Арсовски дадено во подоцнежниот тек од судењето кога побара да му се симне својството ,туку поклонува доверба на тоа кога бил загрозен сведок. Тогашните негови изјави биле  логични,константни, доследни и сите се надоврзувале во една целина а и неколку пати при сведочењата  се жалел дека има закани и било барано од него да ја смени изјавата.  

Судот за  осудителната пресуда се потпира и  на  полиграфското тестирање  извршено во МРВ врз Љупчо Ѓоргиевски,кое според  вештите лица покажало дека тој е во директна врска со кривичното дело.    

Тие констатирале  ,,реакции карактеристични за давање на лажен одговор,, на  повеќето  поставени прашања. Тоа биле следните:  Дали Вие сте биле присутни  на  местото од каде е пукано во Лазо,, ,,Дали Вие пукавте во Лазо Милошевски,,   ,,Дали Вие го лишивте од живот Лазо Милошевски,,  ,,Дали од Ѓоре ви било понудено пари да го   лишите од живот Лазо Милошевски,,   ,,Дали сте земале од некаде АП   на 02.12.2015,, ,,Дали сте биле присутни на местото од  каде е пукано врз Лазо Милошевски,,.

Ова се само дел од прашањата на кои Љупчо Ѓоргиевски реагирал карактеристично за давање на лажен исказ а на кои се темели и пресудата. Полиграфското тестирање врз Ордан Ѓоргиевски било прекинато бидејќи истиот реагирал со голема загриженост и размислување, како неговиот брат  реагирал и  што одговорил на поставените прашања.

 Трансферот на пари  кој Ѓоре ги  испратил од Америка е  далеку помал отколку што стои во обвинението, а судот смета дека тоа е оти станува збор за ,,ветена награда,, а не исплатена. Сите тројца  обвинети веќе поднеле жалба на оваа пресуда.  Тие беа прогласени за виновни и осудени дека на 2-ри декември 2005-тата го убиле Лазо Милошевски (71 год) во селото Ореше, поради одмазда која Ѓоре Петровски ја чувствувал  кон старецот, сметајќи дека тој  пукал  во него 1995-тата, сакајќи да го лиши од живот, за што ветил награда од 20 илјади долари.  

Според обвинението Ордан чувал стража, додека Љупчо пукал два пати од дворот на соседите од 35 м. далечина. Првиот куршум завршил во фасадата од куќата а вториот го погодил Лазо, кој бил близу прозорецот и подготвувал вечера.  Ова е четврта пресуда за ова дело. Првите две беа осудителни, обвинетите добиваа по 12 години, третата беше ослободителна. Сите нив Апелација ги враќаше на повторно судење.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »