речник контакт

Примопредавање на функцијата градоначалник Чадиев - Петров

Чадиев ја наследува Општина Велес со плус од 10 милиони денари

Петар Печков

Во големата сала на Општина Велес беше извршено примопредавањето на функцијата градоначалник на Општина Велес, помеѓу досегашниот Горан Петров и новоизбраниот Славчо Чадиев.   

Во преполната сала, пред бројните гости симболично овој чин се случи со предавање на клучот на градот од  Петров на Чадиев.  Новиот градоначалник на Општина Велес ја наследи  локалната власт  со добивка и без долгови.   Тоа му остава простор  за работа без ограничувања и стеснување. Општинската каса е полна а останува на  Чадиев да ги искористи средствата за дел од ветените проекти.

Со завршувањето на мојот мандат не оставив ниту денар долг, нема неизмерена обврска. Напротив  во касата има околу десет милиони денари. Јас затекнав  полна каса но и долгови, сега ја оставам чиста состојба. Новиот градоначалник  за почеток ќе има со што да располага и како да ги планира  - изјави Горан Петров досегашен градоначалник на Општина Велес.

Тој на неговиот наследник Чадиев му  порача дека  велешани очекуваат да се продолжи со изградбата на  градот,  за тој да биде модерна и урбана средина. Новиот градоначалник пак вети дека така ќе ја остави општинската каса по четири години, полна без долгови.

Врвен приоритет е  локалниот економски развој. Прва работа со која ќе се зафатиме новиот сообраќан режим. Веќе се работи на десетина позиции од комуналана сфера во градот. Помалку ќе зборувам а повеќе ќе работам. Имаме 18 заеднички проекти со Владата. Ќе бидам градоначалник на сите жители на општината. Осумнаесет илјади гласови се голема обврска и таа јас ќе ја оправдам. Изразувам огромна благодарност до сите мои граѓани кои го дадоа гласот за мене, кои веруваа во моите искрени и чесни намери, со многу труд, енергија, посветеност, дисциплина и одговорност да ја водам општината  – изјави Славчо Чадиев новиот градоначалник на Велес.

Тој во знак на благодарност и сеќавање на Петров му подари уметничка резба.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »