речник контакт

Промовиран зборникот ,,Велешки поетски пулсирања,,

На едно место 27 велешки поети со нивни стихови

Петар Печков

Вчеравечер, четврток, во Градската библиотека Гоце Делчев,, беше промовиран зборникот ,,Велешки поетски пулсирања,, . Тој е издание на Клубот на писатели ,,Кочо Рацин,, од Велес, во кој се пишани поетските стихови  на 27 поети од Велес.

Оваа книга, можеби изгледа мала, со црно-бели фотографии од авторите и ликовните илустрации содржински изготвени според песните, но кога ќе ја прочитате, ќе ве освои чувството на восхит од големината и силата на пораките, кои едноставно, пулсираат во духот на современата македонска поезија. Тука се собрани многу приказни од разни генерации, секоја убава и автентична на свој начин, а сите заедно, една прекрасна, емотивна, приказна, за смислата и значењето на неговото величество – животот, низ спомените, сегашноста и иднината – рече на промоцијата поетесата Соња Гаврилова.

Во создавањето на Зборникот, новото книжевно  дело - подарок за  литературната ризница на родниот Велес, учествуваа многумина. Во уредничкото патешествие од три месеци на тимот биле претседателот на Клубот- Игор Крајчев, амбициозната и полна со ентузијазам, Лиле Арсова и Соња Гаврилова како координатор, со повремена консултативна помош од поетесите Нада Алексоска и Павлина Климкар Меанџиева.

За издавањето и печатењето на Зборникот,  финансиска  поддршка Клубот добил од  Македонците од  дијаспората.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »