речник контакт

Промовирана збирката поезија „Сите сме исти“ на Зорица Палитова, лице со попреченост

Сите сме исти затоа што имаме исти соништа, затоа што имаме исти фантазии, затоа што исто сакаме, затоа што исто тагуваме, затоа што срцето исто ни чука- порача авторката поетесата Зорица

Петар Печков

На Светскиот ден на лицата со попреченост 3 декември, во Европската ќуќа беше промовирана  збирката поезија  „Сите сме исти“ од Зорица Палитова, девојка со попречност. Промотор беше Наташа Брезовска-Богоевска.

„Поезијата на Зорица се чита со леснотија, стилот е разбирлив, близок на сите. Употребата на рима ја прави певлива, иако не употребува класична строфа, туку се задржува на  слободниот стих. Мотивски е разнолика. Преку нејзините стихови читаме интимна лирика во кои храбро не пушта да ѕирнеме во нејзината интима и душа. Љубовта како вечна тема на поезијата не ја изоставува“- кажа промоторката Наташа Брезовска-Богоевска.
 
Пораката од авторката Зорица, напишана на хартија ја пренесе нејзината мајка Васка Палитова.

„Сите сме исти затоа што  имаме исти соништа, затоа што имаме  исти фантазии, затоа што исто сакаме, затоа што исто тагуваме, затоа што срцето исто ни чука,  затоа што ве сакам сите  што сте тука“

Издавач и организатор на промоцијата беше  Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености- Велес.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »