речник контакт

Резервните воени старешини одбележаа 70 години слободна Македонија

Проф. Малковски: Партизаните го реализираа вековниот сон на Македонците

Петар Печков

Драган Наумов и Богдан Тошевски, и двајцата од Велес  не можеа да ги сокријат солзите кога им беше врачена благодарницата како учесници во НОБ и Втората Светска војна. Иако со 90 и  кусур години, тие се`уште  во добра здравствена состојба дојдоа на одбележувањето на 70 години од Ослободувањето на Македонија во кое тие активно учествувале. Со неполни 20 години  земале пушка в рака и застанеле во редовите на ослободителното движење, ставајќи ги сопствените млади животи на браникот на татковината.

Организацијата на резервни воени старешини, по повод  70 години од првото заседание на АСНОМ и  ослободувањето на Македонија, одржа  свечена академија во Ликовниот салон на која им ги врачи благодарниците на овие борци, заедно со Ристо Давчев Никола Стојанов и Пецо Алексовски.   На академијата  се обрати претседателот на Организацијата  проф. д-р Ѓорги Малковски.

Одбележувајќи го овој значаен датум од македонската историја, сакаме на јавноста да  укажеме  на два важни моменти. Македонија е единствена од земјите од коалицијата  на Антифашистичките земји, која се ослободи со сопствени сили.   Ние не бевме помогнати ниту од руските ниту од англо- саксонските единици, нашата војска сами ја ослободи земјата. Второ и што учествуваше и во ослободувањето на делови од некогашна Југославија. Таа го проби Сремскиот фронт. Потоа со  одлуките на АСНОМ, бидејќи на неговото заседание присуства претставници на Рузвелт и Черчил,  Сричка и Дикинсон, одлуките беа  имаа меѓународно признаени и имаа легитимитет. Желбата на многу генерации векови наназад било ослободувањето  и создавањето на Македонска држава. Тоа  единствено им успеа на партизаните во 1944-тата и населението од  тоа време – рече Малковски, претседател на  Организацијата на резервни воени старешини.

Таа е меѓу најбројните здруженија на граѓани во земјава со повеќе од 10 илјади членови. Тоа се резервни офицери, подофицери и војници.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »