речник контакт

Само судот може да каже дека Маслодајна е виновна за еко - инцидентот

Раководството на фабриката за масло реагира на прозивките дека тие се автори на мрсната дамка која пловеше по Вардар

Петар Печков

Раководството на велешка Маслодајна ги отфрла обвинувањата дека таа е сторителот на големата мрсна дамка кој пред два месеци се појави во реката  Вардар.  Тие барат да се почитува пресункцијата на невиност, се додека надлежните судски рогани ен докажат кој е  причинителот на оваа ек- хаварија.

  Единствено судот може да докаже  кој е  сторителот на инцидентот. Се друго е само посочување без докази. Ние  преку медиумите дознавме дека нас не обвинуваат за  мрсната дамка која ја имаше по реката. За ова немаме добиено никаков доказен материјал, ништо конкретно – велат од велешката фабрика за масло ,,Благој Ѓорев.

Инцидентот се случи на 17-ти февруари годинава во утринските часови, кога рибарите забележаа големи мрсни дамки по реката низ градот, кои и мирисаат на кисело и ќоспе,  нус производ кој се добива од преработката на сончоглед. Од локалната еколошка инспекција на Општина Велес објаснвуваат дека целокупната документација за загадувањето на реката Вардар е препратено до  Министерството за животна средина во Скопје и тоа ќе постапува натаму во овој случај.

Поради тежината на прекршокот, кој е од трета категорија, целокупната документација ја испративме до Министерството за животна средина, до  Државниот инспекторат за животна средина.  Тој  ќе ја проследи  за судска постапка.  Обезбедените докази ние ќе ги понудиме во процесот и ако има потреба ќе учествуваме – вели Билјана Манаскова Шуркова локален еколошки инспектор.

Според  неа  предизвиканиот инцидент е  најтежок прекршок од трета категорија  и  сторителот се соочува со парична казна до 70 илјади евра. Изработката на анализите, која траеше два месеци ја чинеше општина Велес илјада евра а се работеа во овластената лабораторија на Фито фарм во Скопје. По добивањето на резултатите таа недвојбено  изјави дека анализата покажала мрсната дамка е пуштена од фабриката за масло Благој Ѓорев.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »