речник контакт

Со електронски услуги до работно место

Измените на порталот на Агенција за вработување овозможува добивање на информација за секоe слободно работно место, преку електронска пошта и СМС порака,како и бесплатно составување на CV

Петар Печков

Новиот портал на Агенцијата за вработување нуди нови  можности за невработените , но и за работодавачите.  Невработените електронски можат да дојдат до информации за вработување, преку  електронска пошта преку СМС пораки, додека работодавачите можат да видат каква е понудата на работна рака на пазарот.

Имаме нов портал од пред Нова година. Тој е лесен за претргаа и нуди нови можности.  Сега можат да се видат сите  огласи на територијата на Република Македонија, не само од  јавна и државна администрација, туку и од приватниот сектор. Може да се види какви се побарувањата за 4-5 години наназад за секоја струка, па д се запише на  кој сака факултет, за кој има потреба на пазар.

Порталот може да го користи    бесплатно секое физичко лице. Ако се остави електронска адреса ќе ги добива сите огласи блиски за неговата струка на територијата  на цела земја. Ако оставил и мобилен ќе ги добива и по СМС.  Нуди и нова можност да состави  бесплатно, за разлика од некои кои и на ова печалат. Доволно  да ги достави сите потребни податоци, системот го составува овој документ.   Воведовме и новина, на барање на невработените, во секој оглас да ја пишува платата и работното време. Ова оти имавме реакции за огласи, каде не знаеја за колку пари работат ниту кое е работното време – изјави Влатко Поповски директор на Агенцијата за вработување.  

Тој посочи дека има голем интерес за само вработување во земјава и по двата основи, со кредитирање и со грантови.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »