речник контакт

Тешка сообраќајка во Велес, тројца момчиња се тешко повредени

Враќајки се од пречекот на Нова Година, завршиле во Болница откако биле удрени од автомобил

Петар Печков

Рано утрово, во сообраќајка кај Градската библиотека, во ценарот на Велес, тешко повредени се тројца 18 годишници. На нив налетал автомобил, откако тие се враќале од  новогодишна забава. Во сообраќајката која се случила во 3,30ч. на ул.„Алексо Демниевски“,  петмина се повредени, тројца тешко.  

Утрово има  случено  сообраќајна незгода во која  автомобил   марка „Фиат Пунто“ со велешки регистарски броеви  управувано од Т.Т.(32) од Велес, кој откако изгубил контрола над возилото излетал од коловозот и удрил во три пешаци кој веќе ја поминале улицата и запрел во потпорен зид  на куќениот двор. По незгодата со возило на Итна медицинска помош, при ЈЗУ-Здравствен Дом - Велес возачот Т.Т, сопатникот К.Т.(32) од Велес, пешакот К.К.(18) и двајцата пешаците Б.Д (18), Ф.К(18), сите од Велес, се пренесени во ЈЗУ-ОБ Велес - изјави Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.  

За силината на   ударот говори што дебелиот потпорен  ѕид, од камења е разрушен. Во него удрил  автомобилот, откако излетал после ,,легнатиот полицаец,,  кој е на блискиот пешачки премин. Сведоците говорат за паниката која се создала во тие моменти.

Имаше десетина млади кои се  враќааа од пречекот на Новата Година, која  ја чекале вечерта во локалите во спортската  сала.  Колата удри во дел од групата која беше на  тротоарот. Беа можеби десетина млади. Потоа беше страшна слика, крвави момчиња легнати на улица, сопружниците од колата исто така крвави излегоа од неа. Приустните  млади девојки врескаа, плачеа, повредените лелекаа. Дојде Брза помош  со две  комбиња и ги  однесе сите во Болница. Автомобилот беше завртен за 360 степени, како да доаѓал од  спротивен правец на оваа еднонасочна улица  - вели родител која ја чекал ќерката.

Додава дека можеле да бидат повредени и  повеќе, оти групата била бројна. За состојбата на повредените инфрмираа од велешката Болница. 

Утрово примени се петмина пациенти, кои се здобиле со повреди во сообраќајна незгода. Тројцата  пешаци се тешко повредени,  со скршеници и поради сериозноста и специфичноста на повредите се префрлени  понатамошно лекување на Клинички Центар „Мајка Тереза“ - Скопје. Возачот и совозачот се задржани на лекување во нашата Болница -изјави д-р Филип Тодоровски дежурен доктор во ЈЗУ ОПшта Болница Велес.Од полиција додаваат дека е извршен увид и истрагата ќе ги открие причините за сообраќајка.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »