речник контакт

Условна казна затвор за тројца арамии на 80 кг сирење

Тројца жители од Горно Јаболчиште лани во октомври од познаник украле шест канти сирење

Петар Печков

Тројца арамии кои украле шест канти  со овчо сирење со 80 кг. се осудени на условна казна затвор. Узеир  Муслиов ( 24 год)  Азим Јајов (21 год) Флорим Муслиов ( 19 год) од велешкото село Горно Јаболчиште во Основниот суд во Велес се прогласени за виновни за тешка кражба  и нема да одат во затвор ако во следната година  не сторат друго кривично дело.

Тројцата во октомври минатата година   влегле во куќа на Б.М., од подрумот на соселанецот одзеле 80 кг сирење спакувано во шест канти. Кантите ги одзел  Јајов додека Флорим  му помагал а Узеир чувал стража, ги сокриле во блиската шума. Ги продале по пет дена,  на познаник во село Бузалково.

Сите три лица се во бегство и не се достапни.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »