речник контакт

Фатен најголемиот крокодил во светот

Лолонг е фатен жив на Филипини, по тринеделна потера, откако изел двајца селани

Петар Печков

Уловен е жив по три седмици лов, 6,4 метри долг морски крокодил, најголемиот познат досега. Ова се случило на 4-ти септември на Филипини, јави Асошиетед прес.

Тежок е 1,1 тон и осомничен е за напад на неколкумина луѓе и убиство на двајца. Крокодилот е фатен од жителите на  селото Консуело во близината на Бунаван.

Федералните органи на Филипини се обидуваат да ги потврдат овие податоци, дали тоа е најголемиот фатен жив крокодил досега, по што ќе може да влезе во Гинисовата книга на рекорди.Досега таму фигурираше крокодил од 5,48 метри должина.

Крокодилот е именуван Лолонг.  Научниците се изненадени од  неговата големина , бидејќи досега  не виделе поголем од  5,5 метри.

Тие се пријатно изненадени што тој не бил убиен, туку фатен жив, иако бил осомничен дека убил двајца луѓе. За да се докаже тоа, ќе мора да се расече неговиот стомак, поточно да се убие.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »