речник контакт

Хотел Интернационал и Мотел Македонија се продаваат!!!

Газдата на Мак Оил ги продава трите хотели во негова сопственост од кои два се во Велес и автокампот Ачикот

Петар Печков

Неофицијалната информација дека  хотелите кои се во сопственост на нафтениот газда Мите Јованов се продаваат, тој  во телефонски раговор ја потврди за ТРМР.  Јованов  од трите  хотелски капацитети кои ги поседува, двата се реновирани а едниот  не се користи, ги  нуди на потенцијалните купувачи.

Нивниот сопственик Митко Јованов, инаку познат како сопственик на бензинските пумпи „Макоил“ истите ги нуди на потенцијалните купувачи, а средствата од продажбата планира да ги искористи за изградба на катните гаражи во Скопје бидејќи за истите не може да обезбеди банкарски кредити.

Ниедна банка не ми дава кредит и за да обезбедам средства за изградба, се одлучив да продадам нешто од имотот со кој располагам, вели Јованов. Едната катна гаража, онаа веднаш до Националната и универзитетска библиотека „Kлимент Охридски“ е завршена, а како што објаснува тој, наскоро ќе почне изградбата на вакви објекти и кај новото „Веро“ и кај зградата на МЕПСО.

Инаку, од трите хотелски капацитети што ги поседува, двата се реновирани, а едниот не се користи. Хотелот „Македонија“ во Дојран е реновиран 2008 и има 55 соби, мотелот „Македонија“ крај Велес реновиран е 2011 и е со 35 соби, а хотелот „Интернационал“ во центарот на Велес не се користи и е во лоша состојба. Не работи и автокампот „Ачикот“ крај Дојран. Мите Јованов работи со ланец на бензински пумпи ,,Мак Оил,, на територијата на земјава.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »