речник контакт

13-тата Питијада од 7-ми до 9-ти октомври

Извесно е дека ќе настапат Ван Гог и Љубојна

Петар Печков

Годинашната  Питијада ќе се одржи во втората седмица на октомври, од 7-ми до 9-ти, најавија од локалната власт, која е организатор.   Како и претходните години таа ќе се одржува на просторот од улица Благој Ѓорев, пред дворот од Гимназијата.  Годинава  таа ќе се одржува по 13-ти пат. 

Работиме годинава да бидеме подобри од ланската, да имаме повеќе гости а тие да заминат задоволни најави градоначалникот Чадиев.  

Познати се дел од  изведувачите. Доаѓаат познати имиња  од македонската поп, рок  и фолк сцена.    Меѓу групите се Ван Гог  од Белград и етно составот Љубојна.  Се преговара за учества и на Каролина, како и на едно  големо музичко име од поп сцената од Хрватска.

Чадиев  објасни дека плановите на угостителите за нова манифестација Скаријада, за годинава се завршени, оти тие биле поделени, но ја остави можност  таа д се случи прв пат д огодина.     Средствата кои локалната власт ги предвиде во Буџетот, на последната седница на Советот се распредели за други потреби.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »