речник контакт

14-ти март празник на новото лето

На овој ден именден празнуваат Евдокија, Мартин, Марта...

Петар Печков

На први март (според стариот календар) Светата православна црква го празнува споменот на Светата преподобна маченица Евдокија, родена во феникискиот град Илиополе. Како девојка била многу убава и со неморал спечалила огромно богатство. Во тоа време по вера била Самарјанка. Подоцна го примила христијанството, го напуштила расипничкиот живот, имотот го поделила на сиромашни христијани и се закалуѓерила. Во манастирот минала 56 години. По наредба на тогашниот управник на градот Илиополе била исечена со меч во 126 година.

Со празникот посветен на нејзиниот спомен започнува месецот март. Први март уште се вика и Летник, зашто според верувањето тогаш започнува летото. Меѓу позначајните обичаи поврзани со овој ден е правењето мартинки. Тие најчесто се прават од бел и црвен конец  и ги носат само децата.

Летник е празник на новото лето. Големиот број обичаи и верувања поврзани со овој ден потекнуваат од претхристијанскиот период и имаат цел да обезбедат  среќа и напредок за луѓето и стоката и магиска заштита од разни несреќи.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »