речник контакт

15 илјади евра како изѕемнати палми, завршија на ѓубриште

33 палми фрлени на комуналната депонија на посебна локација за растителен отпад

Петар Печков

Утрово, среда, вработените од ЈКП Дервен ги исекоа исушените палми. На повеќе локации во градот, во дворот на Гимназија, во Младински во  Офицерски на  кружниот тек на влезот од Штип сите  палми кои не ја преживеаја зимата се отстранија.  Завршија на ѓубриште.  

ТрМр ги праша надлежните каде се транспортирани стеблата од палмите

Палмите кои изѕемнаа во текот на зимата се отстрануваат од јавните површини и се носат на комуналната депонија на посебна локација за растителен отпад – одговорија од ЈКП Дервен.

Иaко две години тие пишуваа дека има 47 засадени палми во Велес, од вчера  зборуваат за 46. Така околу 15 илјади евра колку што чинеа засадените а отстранети исушени  палми, сега се комунален  смет.  

На ова реагираше Ненад Коциќ, претседател аа велешките екологисти. Тој на ФБ побара одговорност од тие што  ја изведоа акцијата влакнести палми во Македонија. 
Авантурата со палмите, за кои никој не сноси одговорност, барем морална, ни докажува дека не смееме да си играме со Природата...Уште кога ги насадија реков дек,а како екологист не можам да бидат против садењето на дрва, но садењето палми во климатски услови кои не им одговараат е сулудо.. Чувствува ли некој вина за фрлените пари и уништените палми??? Или сите сте оперирани од осет!!!??? – напиша Коциќ.  

Вина за изѕемнатите палми  не бара градоначалникот на Велес, тој смета дека природата  и студот  придонеле за смрзнувањето. Но не и зошто некој решил во Македонија да се садат  палми, иако не сме подрачје каде тие успеваат.  
Изѕемна многу вегетација зимава во велешко. И овошки и лозја, не само палмите. Имавме вонредна ситуација со зимата ќе засадиме нови дрвја наскоро – изјави градоначалникот Славчо Чадиев.

Тој потплатувањето на  четирите палми минатите години го осудуваше, но не го осудува  чинот на засадување на палми во подрачје каде не успеваат по што дојде  на  фрлањето на смет  на 15 илјади евра, колку  што чинеа измрзнатите дрвја. Тој  заборава дека ова се народни пари а не на поединци, кои одгледуваат овошки и лозје. Но ни нив државата им вети обесштетување.  И додека тој тврди дека ова е најстудената зима во Македонија откако помни во 57 години живот, надлежните зборуваат и зa постудени и поладни зими од изминатата.    

Стручниот агрометеоролог од УХМР Ангелко Ангелевски  појаси дека сите видови палми се за тропски и суптропски појаси, но не и за Македонија. 

Изминатата зима,   не беше толку екстремна, сме имале и  постудени. Целата работа со засадувањето на овие палми уште во старт беше промашена.  Тоа се тропски дрва, кои успеваат во  тропски краишта или евентуално  во  суптропските краишта.    Сите палми, околу 150 видови бараат одредени  услови  и температури. Кај нас во Македонија тие не одговараа ниту во лето, ниту во зима, затоа зиме беа завиткувани во јута, лете прскани со вода за влажност  што се  дополнителни трошоци за одржување   – изјави Ангелевски за ТВ 24 вести.

фото фејсбук

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »