речник контакт

18 месеци затвор за 10 украдени тегли ајвар

Адемовски повеќе пати осудуван за други кривични дела

Петар Печков

Велешанецот    Роланд Адемовски (29 год) доби година и пол затвор за 10 украдени тегли. Адемовски кому му се судеше во отсуство, оти е  во бегство беше прогласен за виновен за кривичното дело ,,тешка кражба,,.  

Обвинетиот  делото го сторил ноќта помеѓу 29-ти  и 30-ти ноември 2015-та година   кога насилно влегол во подрум на станбена зграда во Велес. Од просторијата украл   десет тегли ајвар и метални предмети алат за работа, во вкупна вредност од три илјади денари.  

Оваа штета Адемовски треба да му ја надомести на оштетениот. Поради тоа што обвинетиот има пресуди за  други кривични дела, нему согласно   Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната во Основен суд Велес му е изречена затворска казна од 18 месеци, која е правосилна.

За потсетување на пресудата  на   велешанецот  Петре Кариманов (33 год)  кој доби три години затвор затоа  што ограбил кафеана и предизвикал штета од  6 илјади денари. Тој го признал делото ,,тешка кражба,, кое го сторил во објект во кругот  на Автобуската станица во Велес.  

Кариманов ноќта  помеѓу  13 и 14 мај 2015  година, насилно влегол од задната врата  во кафеаната и одзел што можел и што му било при рака, и колку можел да носи.  

Така украл 2 литри лозова,  два литри  узо, еден литар мастика, еден литар коњак, 10 лименки пиво, 150 кебапи, 20 плескавици, еден кг краставици,  два кг патлиџани, различни видови сувомесни производи еден килограм.  Дел од украдената стока ја препродал а дел сам со друштво ја искористил. Кариманов повеќе пати е осудуван за различни кривични дела а кога му е изречена пресудата се наоѓал на отслужување казна затвор за  друго дело.  Тој и не се жалел на изречената казна. 

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »