речник контакт

19 месеци затвор за 25 кражби

Во дел од кражбите одзел пари денари и евра, рибарска опрема, патики, чевли, јакни, телевизор, два мопеди...

Петар Печков

Велешанецот  Бобан Јовановски доби 19 месеци затвор за извршени 25 кражби. Според обвинението Јовановски во периодот  од   09.08.2012 до 14.02.2013 година сторил повеќе кражби, неколку пати насила влегол во простории каде бил фатена на дело од сопствениците.  Во дел од кражбите одзел пари, рибарска опрема, патики, чевли, јакни, телевизор ...  

Јовановски во два наврати  одзел и  мотор АПН,  мопед Томос со цел да се  повози, но веднаш бил откриен од полицијата и одземените мопеди вратени.  Поради ова тој во Основниот суд в о Велес  е прогласен за виновен и за кривичното дело тешки кражби добил 17 месеци затвор  а за  кривичното дело  одземање на  моторно возило   добил 5 месеци, или во една единствена казна  од  19 месеци затвор. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »