речник контакт

25 години од заминувањето на ЈНА од Велес (фото)

Ексклузивна фото репортажа од овој настан. 25 март 1992 касарна Алексо Деневски Бауман, Велес

Петар Печков

На 25 март 1992 согласно договорот потпишан меѓу Претседателот  на Република Македонија, Киро Глигоров и генерал Благоја Аџиќ од ЈНА,  меѓу останатото си заминаа старешините и војниците  на ЈНА од велешката касарна Алексо Деневски Бауман. Неа на свеченост ја преземаа  припадници од територијалната единица. На овој момент се сеќава Ацо Кимов, кој во тој период беше  командант на Територијална одбрана.  

Свеченост се изврши во кругот на касарната, мирно и достоинствено, без екцеси, инциденти. Имаше нервоза  и кај двете страна, да не дојде до некој момент кој може да изроди сериозен проблем. Тоа не се случи. Морам да кажам дека со раководството на касарната, на полкот имавме добри односи. Се плашевме дали некој може да наметна некоја наредба да с е стори нешто што нема да одговара. Затоа ја засилевме стражарската служба во Отовица,а каде имавме  оружје.   За среќа ништо не се случи. Имавме коректна разделба. Искрено ние и ништо не решававме за се`, политичарите беа главни – изјави за ТрМР Кимов.  

Свеченоста траела симболично, кратко половина час. По спуштањето на југословенското знаме и подигањето на македонското знаме, во колона заминала ЈНА заедно со наоружувањето, старешините и војниците. 

Нашето оружје беше во магацинот кај Отовица, каде беше и целокупното наоружување на ЈНА.    Се плашевме дека нешто ќе се случи. За среќа паметни глави бевме и ние и тие, па не се  случи инцидент како во други места.   Останавме пријатели, на крајот. Нашето оружје остана нивното си го земаа, располагавме со лесно вооружување, тенковите тие земаа од тука од касарна. Важно е што немаше жртви, немаше проблем – потенцира Кимов. 

Фотографиите кои ексклузивно ТрМр ви ги пренесува се сопственост на Народен Музеј Велес, благодарност на Марин Клифов  со чија помош се достапни до јавноста. 

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »