речник контакт

290 осуденци од велешки суд барале амнестија

Позитивен одговор добиле 275 лица

Петар Печков

Скоро 95 отсто од  барањата на затвореници за амнестија,  осудени во велешкиот суд,  биле прифанати.   По донесениот Закон за амнестија,  со кој се  ослободуваат од издржување казна затвор правосилно осудени лица на затвор до шест месеци, тие што биле осудени во Основен суд Велес поднеле барање.  Одговарајќи на прашањето на ТрМр колку барања се добиени и колку се прифатени, од Основен суд  Велес е добиен следниот одговор.

 Ве известувам дека во Основен суд  Велес поднесени се вкупно 290 барања за амнестија, од кои 275 се усвоени а 15 одбиени - судијка Габриела Гајдова. 

Во оваа бројка се и осудениците кои се правосилно осудени на повисоки казни затвор од шест месеци а на кои истата им е намалена за 30 отсто. Бројките се однесуваат на кривични  предмети и лица кои се правосилно казнети со затвор, одлуки донесени во Основен суд Велес. 

Амнестијата не ги опфати  лицата осудени со правосилна пресуда за доживотен затвор, за убиство, за силување и педофилија, за тероризам и кривични дела против државата, за кривични дела против јавниот ред и мир, за нарушување на изборнито процес, како и за кривични дела против човечноста и меѓународното право, злосторничко здружување. Амнестијата не се однесува и на лицата кои кривичните дела ги сториле после 20 септември минатата година.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »