речник контакт

45-ти Детски Рацинови средби

Велес е два дена домаќин на стотина деца учесници на манифестацијата

Петар Печков

Денес и утре Велес е  домаќин на Детските  45-те Рацинови средби, која започнува со положување цвеќе пред спомениците на Рацин.  Стотина деца основци од дваесетина училишта од Македонија  ќе го покажат своето книжевно знаење но и уметничките вајарски вештини. Два дена ќе творат на вајарската и ликовна работилница а ќе бидат доделени и наградите од годинашниот литературен конкурс на тема ,,Македонија,, и од  вајарската  и ликовна работилница.

Во рамките на манифестацијата ќе се одржат и две промоции. Првата е на делото на професор Божидар Јовиќ ,, Младите и демократијата,, а второто е на собраните дела на Стојан Тарапуза. И двата настани се одржуваат во просториите на Ликовниот салон. Отворањето на манифестацијата Детски Рацинови средби е закажано за вечерва во 19 часот во салата ,,Бели мугри,,.

В петок пак е традиционалниот училиштен карван на седум  писатели по велешките основни  и средни училишта, каде тие ќе настапат со свои дела. Организатор на манифестацијата е Општина Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »