речник контакт

500 велосипедисти од земјава на маратон низ Азот (фото)

Се возеше на две патеки во должина од 52 и 33 км

Петар Печков

Изминатиот викенд во централниот регион на Македонија, Азот се одржа велосипедискиот маратон, на кои учествуваа 500 велосипедисти од земјава.  Ова беше убава можност за да се мине викендот, во природа со физичка активност, нешто што  недостига.   Секое доаѓање на Јакупица е нејзино ново откривање, оти има што да се види.  

,,АЗОТ 2016 маунтинбајк  предизвик,, е меѓу поголемите вакви манифестации во земјава и траеше два дена. Централниот камп беше во селото  Богомила, од  каде во неделата наутро тргнаа  двата маратона, по две различни патеки.

Првиот во должина од 52 км со искачување на надморска височина од 1780м и вториот со должина од 33 км и искачување од 1070 м. н.в. Учесниците минаа  низ неколку села од овој прекрасен предел и тоа Богомила, Црешнево,Капиново,  Нежилово, Папрадиште распослани на планината Јакупица.

При возењето беа велосипедистите   се искачија и до планинарскиот дом Чеплес и домот во Парадиште. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »