речник контакт

54-те Рацинови средби на 9-ти и 10-ти јуни во Велес

20 пријавени прозни книги за Рациновото признание

Петар Печков

Рекордни 20 дела се пријавени  во конкуренција за  наградата за прозна книга ,,Рациново признание,, за 2017-та година, додека за наградата ,,Антологија на болката,, има 13  пријавени автори со нивни необјавени стихозбирки. Ова на прес конференција денес го објави Васил Зафирчев, директор на манифестацијата ,,Рацинови средби,,.   54-та по ред манифестација ќе се одржи  на 9-ти и 10-ти јуни.

За разлика од  минатите две години, откога ние како Здружение сме организатори, програмата ќе биде сконцентрирана  на помал број локации, повеќе на затворено. Сите 20 пријавени дела ја оправдуваат естетичката профилација и имаат иновации  по форма, структура и содржина. Или што ќе рече дека се развиваат во  иновативна и авангардна творечка смерница.   За втората награда, имаме исклучителен интерес кај многу млади дебитанти, кои досега од разни причини немале можност да ја издадат нивната стихозбирка – изјави Зафирчев.

Жирито кое ќе решава за ,,Рациновото признание,, е во состав од минатогодишните победници Сашо Димоски и  Владимир Јанковски, а трет член е   професор Марија  Георгиева Димова, наградата е парична од 60 илјади денари.  Додека Ана Костовска директор на издавачката куќа ,,Култура,, Катерина Момева – писател и   Даница Ивановска Лепојевиќ лански лауреат  за ,,Антологија на болката,, ќе решаваат за  оваа награда, која обезбедува печатење на победничката стихозбирка.  

За Почесното Рациново признание  ќе одлучуваат професорите Људмил Спасов и Јелена Лужина а наградата е за афирмацијата на македонската литература и култура надвор од границите на Македонија.

До  крајот на е месец мај ќе биде распишан конкурсот за најубава љубовна порака до 140 карактери  напишана на твитер.  

Во годинашнава програма  учество ќе земат и црковниот хор Св. Пантелејмон, КУД Керамичар,  оперските пејачи Мики Секуловски и Орхидеја Дуковска, како и актери од велешки театар.  

Буџетот на годинашнава манифестација  е 650 илјади денари дел од Министерството за култура дел од Општинскиот буџет. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »