речник контакт

Cе дели вода за пиење ама не се користи оти е топла

Mалкумина велешани посегнаа да добијат вода на двата пункта

Петар Печков

Општина Велес и Општинскиот Црвен крст на две локации во градот, во центарот пред НА-МА и кај фонтаната во Нова населба делат вода са пиење.  Тие се решиле на ова следејќи ги препораките од хидрометеоролошкиот завод во Скопје и центарот за управување со кризи, на велешани да им делат чаша вода  со цел да ги ублажат последиците од висовите температури и жешкото време.

Не можам да се напијам, водата е топла. Подолу е јавна чешма, таму е ладна и тече – велат велешани кои беа на минување во новиот дел на градот.

Високите температури кои ја зафатија цела Македонија се причините поради кои се реализира акцијата се со цел да се избегнат несакани последици по здравјето на велешани. Младите волонтери од ОО на Црвениот Крст од Велес на случајните минувачи покрај вода им делат и флаери со едукативна содржина како да се заштитат од топлотниот бран.  Вода се дели во терминот од 10 до 13 часот секој работен ден.

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »