речник контакт

Јубилејниот 15-ти Фестивалот на античка драма ,,Стоби,, и годинава во сала

Причина, се уште трае обновата на античкиот театар

Петар Печков

И годинава Фестивалот на античка драма ,,Стоби,, ќе се одржи во затворено, во велешки театар. Причината иста како и лани,   на античкиот театар   во археолошкиот локалитет ,,Стоби,, се врши конзервација, реставрација и реконструкција на вториот дел од театарот, подземните ходници.

Кога ова ќе биде завршено  посетителите ќе можат на седиштата да доаѓаат токму преку овие коридори. За следната година е планирано да се работи на поставување на три илјади седиште во театарот.  Оваа година ФАД Стоби ќе одржува по 15-ти пат, слави јубилеј.  

Се поизвесно е, гледајќи каква е состојбата на терен, дека фестивалот ќе се одржи на сцената на велешки театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,.  Во  игра се два варијанти, едната како можност да се игра на отворено и втората која е сигурна, дека ќе се одржи во сала.   Разговараме со гостите, дали е возможно, да се направи преадаптација на сценографијата и да се игра во затворено – изјави Зоран Љутков, директор на манифестација која ја организира здружението ФАД Стоби.  

Сигурен е терминот за одржување,  а тоа е од 8-ми септември Денот на државноста и  во следните  десетина денови. Договорени биле  осум  претстави од Македонија и соседството, кои ќе се натпреваруваат за наградата  ,,Афродита,,.   За изминатите  14 години, на фестивалот гостувале повеќе од 60 претстави од 40-тина театари, од десетина држави. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »