речник контакт

Автомобил излета од пат на Долги рид, петмина повредени

Едно лице поради тежината на повредите е пренесен на клиники во Скопје, но е вон животна опасност

Петар Печков

Вчера попладне, понеделник, 25 јуни  на Долги рид, се случила сообраќајна незгода. Автомобил кој патувал кон Велес, излетал од патот и сите петмина патници се повредени, еден потешко.

Околу 18.ч. на регионалниот пат Извор-Велес,  пред крстосницата за с.Војница, дојдено е до сообраќајна незгода  во која патнички автомобил марка “Форд Галакси“ со велешки регистарски броеви управувано од З.А.(22) од с.Горно Јаболчиште излегло надвор од коловозот и удрил во земјен брег од десната страна на патот - пишува во соопштението на СВР Велес.  

По незгодата со две возила на ИМП при ЈЗУ “Здравствен Дом“ Велес, возачот и четворицата сопатници биле  пренесени во ЈЗУ “Општа Болница“ Велес, каде што, е извршен лекарски преглед и се констатирани тешки телесни повреди кај лицето И.А.(47) од с.Горно Јаболчиште.

Според портпаролот Марина Андова лицето не е во животно загрозувчка состојба но поради тежинта на повредите, скршеници  е упатен на понатамошно лекување  во Ургентниот Центар  во Скопје,  а останатите  со лесни телесни вреди се пуштени  на домашно лекување. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес а по истагата ќе бидат познати причините за излетувањето. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »