речник контакт

Автомобил излетал од пат, совозачот починал

Сообраќајката се случила близу Лозово, петокот попладне

Петар Печков

Петокот попладне  на магистралниот пат Велес- Штип помеѓу Сарамзалино и Лозово,  се случила сообраќајка, во која има еден починат и еден повреден.   Инцидентот се случил  околу 15,10 часот,  кога патничкото возило излетало од коловозот.

Ж.Д. (63) од Скопје управувајќи ПМВ„Шкода Суперб“ со скопски регистарски ознаки, не ја прилагодил брзината спрема условите и состојбата на патот, слетал од коловозот во нива и се превртел. Од здобиените повреди на самото место починал сопатникот Љ.М. (63) од Скопје, а возачот се здобил со телесни повреди- информираа од МВР. Брзата помош од Свети Николе повредениот возач  го хоспитализирала во најблиската болница.

Увид извршиле ОЈО и  увидна екипа од ПС ОН- Свети Николе. Се работи на целосно расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »