речник контакт

Авторот Димитров, ова е продолжување на соработката со велешки театар

Мојата пиеса е класична комедија, но со драмски пресврт.

Петар Печков

По добивањето на конкурсот, како награда неговата претстава  да го отвори велешкиот театар,  во јавноста се јави и авторов Братислав Димитров. За него отворањето на велешкиот театар, е грандиозен естетски чин.

Навистина сум среќен што ќе ја продолжам мојата професионална соработка, но и приватна дружба со прекрасните луѓе од велешкиот театар со кои заеднички го направивме и нашиот театарски хит ’Ноќите во бел сатен’. Отворање на нов театар е грандиозен чин од естетски, етички, историски, културни и од сите други причини. Јас ги разбирам, ги чувствувам и ги почитувам сите тие причини, но метафорично кажано, постапував како хирург кого не го интересира дали оперира слепо црево на бездомник или на крал, туку се обидува најпрофесионално според највисоките естетски и етички принципи да ја заврши својата работа. Мојата пиеса е класична комедија, но со драмски пресврт. Ова е за мене додатно задоволство затоа што комисијата во голем и квалитетен состав, одлучувајќи се за пиесата што ќе го отвора театарот покрај сите аспекти, не го заборавила аспектот на присуство на публиката како составен дел на секоја театарска изведба“, изјави авторот на наградениот текст, Братислав Димитров.

Комедијата, ,Најважната работа  на светот,, жирито ја избра помеѓу 30-те пристигнати дела. Димитров, кој конкурирал под шифра ,,Ништо без публика,, за ова ќе добие и парична награда во висина од 500 илјади денари, од Министерството за култура, кое го распиша конкурсот. Во жирито, кое едногласно ја донело одуката беа    актерите Васил Зафирчев,  Александар Ѓоргиев, Зоран Љутков, Петар Темелковски и режисерот Ненад Витанов.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »