речник контакт

Актерот Љутков остана и без велосипед и без рибарска опрема

Опремата вредна 3 илјади евра му ја украле од подрум

Петар Печков

 Актерот Зоран Љутков остана без велосипедската и рибарската опрема. Засега непознати крадец (и) му ја украле оваа опрема вредна 3 илјади евра.  Украден е велосипед   Трек Мамба 29  од подрумските простории во населба  Карпош 2 кај Драмски,  во Скопје каде живее актерот.

Најверојатно во ноќните часови, некој насилно влегол во подрумот и ги украл велосипедот, опремата за возење и опремата за рибарење. Со обврските за Фестивалот Стоби и покрај малата Галена, немав можност да ги користам многу, но сега  останав и без нив – рече актерот Љутков. Тој случајот го пријавил во СВР Скопје.   Кражбата ја открил минатата седмица, но  не е  познат кога  настанот се случил.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »