речник контакт

Актерската награда Петре Прличко за Александар Ѓоргиев

Велешкиот артист е пет децении на театарската сцена и од неодамна е пензионер, но се`уште на сцената

Петар Печков


Актерската награда за животно дело,, Петре Прличко,,  годинава ја доби  Александар Ѓоргиев член на ансамблот на велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,.  Тој пет децении е  присутен на театарската сцена, има одиграно стотици ролји а од почетокот на јули е во пензија, вели засега само административна.

Оваа награда многу ми значи од две причини. Затоа што е од фелата, од  колегите. Потоа тоа е награда која е по името и делото на мојот драг колега и пред се пријател Петре Прличко, со кого  имав среќа и задоволство да соработувам, да учам, сме се дружеле. Од него научив и за професијата но и за организацијата на театарот. Тој како дел од патувачкиот театар, уште рано ги осознал сите поенти во работата, кои потоа јас од него ги научив.  Му благодарам и нему и  на верната велшка публика, која 50 години ме гледаше и трпеше на сцената – рече Ѓоргиев. Нему тричленото жири Александар Ивановски режисер, Ордан Витанов и Едмунд Сотир актери, едногласно одлучиле годинава по деветти  пат да ја доделат наградата  за животно дело ,,Петре Прличко,,.

Ѓоргиев е симбол за исклучително прецизна актерска игра, експресивно извајана со јасно подвлечени нијанси. На моменти суптилна и скокотлива, на моменти вжарена до усвитување, но секогаш прочистена, силна слободна.  Како човек можеби скромен, тивок и ненаметлив, но ние неговите колеги знаме дека секогаш е отворен за соработка, совет, помош – рече Александар Ивановски, претседател на жирито, образлагајќи на наградата.

Таа ќе биде врачена на свечената седница на Советот на општина Велес,  за Денот на општината 9-ти Ноември. Годинава поради  селење на   театарот  од старата во новата зграда, нема да се игра претстава во чест на добитникот. награда „Петре Прличко“ ја доделуваат општина Велес, здружението на актери „Џинот“ и велешкиот театар. Досега  неа ја добија  Благоја Спирковски Џумерко, Емил Рубен,  Петар Мирчевски. Благоја Чоревски, Мето Јовановски, Борис Чоревски, Петар Темелковски и Драган Спасов Дац..

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »