речник контакт

Али Ахмети, лидерот на ДУИ во посета на Чашка

Половина македонска Влада, сите албански министри на Водици во работна посета на општина Чашка.За тоа време чашкарци на маса, среде населба го славеа Богојавление

Петар Печков

Општината која брои повеќе од 30 отсто албанско население, беше цел на посетата на раководството на ДУИ кои беа гости во селото Горно Јаболчиште и кај градоначалникот на општина Чашка Горан Пановски.

Али Ахмети изрази задоволство од третманот на албанските граѓани во општината и нивното учество во работата на Советот. Одговарајќи на прашањата од известувачите, Ахмети рече дека ги поддржува тутунарите од Сливник, Бузалково и Клуковец албански села кои минатата недела на протести по патиштата во велешко го бараа токму него да дојде и им помогне.

Тој не даде одговор зошто не отиде во овие села, но потврди дека тутунот треба да имаат подобра цена. Ахмети најави и подобри денови за  две и пол илјади жители од Горно Јаболчиште, чии бројни поплаки можеше изворно да ги слушне.Ова и прва посета на Ахмети на велешкиот крај.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »