речник контакт

Амбарков делеше правда на турското дерби во ЦЕВ купот

Одбојкарките на Фенербахче победија со 3:0 против Бурса, како гостинки

Петар Печков

Велешкиот одбојкарски судија, интернационалецот  Орданче Амбарков судеше натпревар од првото коло на ЦЕВ натпреврувањето, во женска конкуренција.

Во  Бурса Турција се одигра  средбата  помеѓу Бурса ББСК и Фенербахче од Истанбул победија гостинките со резултат 0-3 (20, 19,13).Амбарков одлично ја завршил судиската задача а натпреварот го следеле околу 1200 гледачи. Тој судеше заедно со колешка од Романија, Вероника Пападопол.

Амбарков ќе суди и во следото коло во Русија, каде се сретнуваат екипите на Кимки Јужни  и Атлан Баранович од Белорусија. Средбата  исто така е од ЦЕВ купот, се игра на 3-ти декември а повторно ќе суди со колешка, овој пат од Хрватска Тања Крамл

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »