речник контакт

Ана Комнена на театарскиот фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп

Избрани преставите за официјалната програма на театарскиот фестивал ,,Војдан Чернодрински,, 12 во конкуренција за награда

Петар Печков

Во официјалната конкуренција за 52-иот Македонски театарски фестивал,,Војдан Чернодрински,, се најде и,,Ана Комена,, работена по текст на Сашо Димоски а во режија на Ненад Витанов и Васил Зафирчев.    

Фестивалот ќе се одржи од 6-ти до 16 јуни. Селекторот Петар Темелковски на прес  конференција која се одржа во Велес ги соопшти преставите   кои ќе се играат за наградите. Од пријавнете 36 тој избрал 12.  

Секој пат, за сите овие мои 11-та година како сум уметнички директор и селектор на фестивалот,  критериумот е ист. Тоа е избор на најдобрите и најквалитетните претстави. Фестивалот има секоја година новини, но тие не ги најавуваме,  ги чуваме како изненадување – најави Темелковски. 

Во официјалната програма освен велешката  вклучени се: ,,Тартиф,, во режија на Галин Стоев на МНТ,  ,,Венецијанскиот трговец,, на Наташа Поплавска на Драмски театар Скопје, ,,Трудна приказна,, режија на Лидија Дедовиќ на театар Комедија Скопје, ,,Вечера на ронките,, од Рафет Абази на Албански театар Скопје, ,,Отело,, на Деан Пројковски и Турски театар Скопје,  ,,Лазаревото писмо,, во режија на Љупчо Ѓоргиевски на Народен театар Штип, ,,Злосторство и казна,, во режија на Диего Де Бреа и Народен театар Битола,  ,, Џон Габриел Боркман,, во режија на Горан Тренчовски на Струмички театар,  ,,Хај фај,, во режија на    Јани Бојаџи на театарот од Куманово,  ,,Аналфабет,, на Горан Ризевски и Театарот од Охрид и ,,Љубовни пози низ историјата,, од Наташа Поплавска и Прилепскиот театар.  

Познато е дека академик Митко Маџунков ја добива наградата за животно дело. Што се донесува до жирито Темелковски најави дека  ќе биде формирано непосредно пред почетокот на фестивалот.

Тој годинава има буџет до 4,5  милиони денари  повеќето обезбедени од Министерство за  култура, Општина  Прилеп и  дел од спонзорства. Придружната  програма на  52-то издание на  Македонскиот театарски фестивал ,,Војдан Чернодрински,, ќе биде преставена дополнително. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »