речник контакт

Армијата привлечна за завршените студенти

Новата 24-та генерација доброволци на АРМ во касарната во Велес даде свечена заклетва

Петар Печков

Гостиварчанката   Марјана Столеска е магистер на Факултетот за детективи и безбедност . Таа е една од 14-те девојки, кои се одлучија доброволно да го служат воениот рок, во најновата 24-та генерација доброволци.  Тие вчера (петок) дадоа свечена заклетва во велешката  касарна Алексо Демниевски Бауман. 

Се пријавив за служење во армијата, бидејќи ме привлекуваат работи кои се помалку  карактеристични за други професии, тоа се ред, дисциплина и почитување на хиерархија. Отсекогаш ме привлекувала униформата. Сакам да докажам и на  машките дека сме храбри и силни, и можеме да се справиме  во секој ризик и предизвик – рече Столеска.

Таа новиот војнички живот потешко го прифатила на почеток, но сега веќе станувањето во  шест, легнувањето во 10 навечер, војничката храна,  за неа и сите останати војници се секојдневие и рутина. Во целост го прифатиле војничкиот живот во касарна.  Се повеќе завршени студенти се пријавуваат како доброволци во редовите на АРМ. Таков е примерот и на Александар Петковски од населба Чашка.  

Ова е нов чекор во мојот живот. Нешто различно, поинаку  од тоа што сум го работел досега. Натаму во животот ќе имам други чекори,  бев ловочувар, го сакам знам оружјето. Го фатив последниот воз според годините, за војска  бидејќи сум на 25, но тоа што си го ветив  сам на себе, дека ќе бидам војник, го исполнив – вели Александар кој е завршен информатичар на факултетот во Велес.

Свечената заклетва им ја честиташе и министерот за одбрана  Зоран Јолески, кој посочи дека војската е големо школо во животот.       

Искуството што го добив во војската, пред 30-тина години, во тој период од животот, е драгоцено нешто кое ме следеше цел натамошен живот.  Така и Вие почитувани војници, се што ќе научите тука следните три месеци, ќе Ви биде потребно натаму.   Посебно сум среќен  што меѓу Вас има и 14 припаднички на  понежниот пол, што е доказ дека воената професија е се поатрактивна за жените. Војската е предизвик, чест и гордост за сите млади амбициозни луѓе, која ги менува Вашите животи, предизвик кој овозможува побрзо да созреете  – рече  Јолевски.

Во ова класа на доброволно служење на АРМ има 226 војници, со што таа спаѓа меѓу побројните. Тие во касарната во Велес  ќе се обучуваат следните три месеци.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »