речник контакт

Арсовски сведочеше, му предадов пари на обвинетиот

Арсовски откако доби шест месеци затвор за лажно сведочење, сведочеше во нов предмет поврзан со селото Ореше и рече дека повеќе не се плаши од никого

Петар Печков

Во Основниот суд во Велес сведочеше Златко Арсовски, екс заштитниот сведок Бреза, но  за друг кривичен предмет поврзан со настан во ова велешко село, запалената амбуланта.  Арсовски, кој како сведок се бараше десетина пати во овој предмет, рече дека не се плаши повеќе од никого и ја зборува само вистината, откако пред неколку дена доби шест месеци затвор за лажно сведочење во предметот убиство во село Ореше.  

Борче, наш заеднички пријател ми се јави телефонски од Дојран и ми рече дека  ќе ми даде пари за Благојче. Јас требаше да му ги предадам оти живеев во Скопје. Борче ми даде во Велес  30 илјади денари а три  си задржа за себе, па останаа 27 илјади денари.   Следниот ден, на влезот од Државна болница  во Скопје на Благојче му ги дадов 27 илјади денари, тој ми врати три илјади. Кога го прашав од каде се парите, тој  ми кажа дека се затоа што ја запалил продавница во Ореше. Но не знам  кој и од каде му ги испратил - рече Арсовски.  

По ова имаше  соочување помеѓу сведокот Златко Арсовски и обвинетиот Благојче Ѓурчиновски, кои се заколнаа и во децата дека парите според Златко се   дадени , а Борче  тврдеше дека не земал пари. Тие тројцата Борче Николовски, Златко Арсовски како сведоци и Ѓурчиновски како обвинет во ова дело запалена амбуланта,   се осудени за друго дело разбојништво врз поштар во село Ореше во  август 2006-та, за што сите тројца одлежаа затвор.  

Завршните зборови за случајот запалената амбуланта се следната седмица, по што ќе биде изречена и пресудата. Со обвинителниот акт се товарат Ѓоре Петровски како порачател и Благојче Ѓурчиновски како извршител, оти предизвикале пожар кој до темел за уништил зградата на амбулантата и селската продавница во Ореше. Ова Петровски го побарал од Ѓурчиновски поради одмазда, за што преку Вестерн Униот исплатил 800 долари кои биле исплатени на 28 март 2007-та година.

Огнот бил подметнат ноќта помеѓу 31 јануари и 1 февруари 2007-та година. Предизвикана е штета од 2,4 милини денари на сопственикот ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор. Во претходните расправи обвинетите Петровски и Ѓурчиновски негираа било каква поврзаност со делото и настанети во село Ореше пред 7,5 години кога зградата изгорела до темел. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »