речник контакт

Бебе старо десет дена починало

Обдукција ќе ја каже причината за смртта

Петар Печков

Понеделникот утрото околу 7 часот,  во велешката Брза помош е донесено бебе, старо десет дена. Го донела неговата баба, која барала помош за внучето а кое не давало знаци на живот.  

Дежурните доктори констатирале дека бебето, кое било машко, е починато поради што  веднаш била информирана полицијата и јавното обвинителство.  

Тоа наредило обдукција на телото на бебето поради што  е испратено во Институтот за судска медицина во Скопје.

Од полицијата само кратко изјавија дека преземаат мерки за расчистување на настанот. Бебето било петто во ова семејство.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »