речник контакт

Бесплатни часови по англиски во Градската библиотека

Часовите ќе се одржуваат секој понеделник и среда од 19 до 20 часот а посетителтие траба да имаат почетно ниво на познавање на англиски

Петар Печков

Џејми Вудфорд  од Мировниот корпус која престојува во Велес  ќе дава бесплатни часови по англиски јазик во просториите на Градската библиотека. Така таа ќе излезе во пресрет летово, кога нема обврски во училиштето каде  помага, да работи со граѓаните на Велес.

Вудфорд  поради интересот кои го покажале велешани, одлучи летово да одржува часови  по разговорен англиски јазик. Нема тоа да биде класична настава, туку низ конверзација присутните ќе го надградуваат нивното знаење. Секако посетителите ќе треба да имаат почетно ниво на познавање на англискиот јазик – изјави Игор Крајчев директор на Градската библиотека. Часовите ќе се одржуваат секој понеделник  и среда од 19 до 20 часот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »