речник контакт

Бесплатно мерење на шеќерот во крвта со трибина за дијабетисот за жителите на населба Чашка

Жителите од општина Чашка добија бесплатно мерење на шеќер во крвта,со што се изврши рано дијагностицирање на болеста кај дел од граѓаните, но и предавање за оваа болест

Петар Печков



Граѓанското здружение ,,Доверба,, и локлната смаоупрва на општина Чашка организираа акција посветена на заболените од шеќерна болест, но и како таа да се превенира. Бидејќи општината има голем број на возрасна популација а за здравствена помош тие мора да патуват до Велес.

Со оваа акција сакаме граѓаните да бидат  запознаени со современите болести бидејќи на територијата на општината  здравствената заштита не е толку развиена, оти сите институции се во Велес. Затоа и го организираме и предавањето а потоа и бесплатното мерење на шеќерот во крв за да можеме да делуваме барем превентивно. Нашата опшите е помеѓу најстарите во земјата и сметаме дека оваа едукација е добредојдена за граѓаните - изјави Билјана Донева од општина Чашка. Жителите од општина Чашка  добија бесплатно мерење на шеќер во крвта,со што се изврши рано дијагностицирање на болеста кај дел од граѓаните

Мерењето на шеќерот во крвта е бесплатно а со тоа им помагаме на граѓаните да видат каква им е здравствената состојба а со самото предавање ги едуцираме како самите превентивно можат да се заштитат од дијабет. Ако се измерени резултати над дозволената граница тоа е веќе знак дека со организмот нешто не е во ред и треба да се превземат мерки рече примариус д-р Аврам Ванковски.



АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »