речник контакт

Благцата на баба по 22 пат (фото)

Манифестацијата за прв пат имаше натпреварувачки карактер, победија штипјанки

Петар Печков

По 22-ри пат македонските пензионерки се дружеа во Велес, на манифестацијата ,,Благцата на баба,,.  Околу 350 жени од повеќе градови, Струга, Кичево, Кавадарци, Радовиш, Тетово, Скопје , Штип  на  мотелот ,, На Велешко,,   минаа  повеќе часови во забава и игра.   Домаќините се погрижија за се да мине најдобро и одлично организирано.

Оваа манифестација е  традиционална, целта е со дружење да се потсетиме на  старите блага, кои ги подготвуваа нашите мајки, баби а истите да ги оставиме во аманет на помладите. Што таа издржа 22 години, сигурно е дека има иднина – рече Благојка Настова претседател  на активот на  жените пензионерки од Велес.    

Годинава за прв пат таа имаше натпреварувачки карактер и победија благата на жените пензионерки од  Штип.  Тие имаа повеќе изработки а внимание привлече старинската баклава со кадаиф.

Ова е старинска баклава. Специфична е што  се додава и кадаиф, плус ореви и лешници. Треба 4 до 5 часа да се подготви а 12 часа се чува парена. Ја научив од свекрвата а ја подготвувам најмногу оти внучињата ја сакаат  - вели   Весна Ѓоргиева од Штип.  

Манифестација има и хуманитарен карактер. Парите се обезбедени дел од средствата за влезници, како и со донации од Месната индустрија Агриа и Општина Велес. 

Годинава решивме со собраните средства да обезбедиме маса за играње на пинг-понг. Таа ќе ја доделиме на   Здружението на инвалидски пензионери од Велес, за забава – најави Нада Алексовска член на УО на Здружението на  пензионери од Велес, кој е организатор на  ,,Благцата на баба,,.  

Тие  и годинава подготвија книшка со рецепти, од благцата кои минатите години беа презентирани. За книшка владееше голем  интерес и сите сакаа да ја имаат. Интересен беше специјалитетот раванија, кој домаќинка го подготвила со маџун.

Подготвив равенија, по  кавадаречки а за се да биде локално е што е со маџун. Маџунот е чаробен напиток, гроздов мед  и во го додавам во фазата кога се подготвува тестото. И тоа пола литар за 4 јајца. Се други е  исто ама има специфичен вкус. Го научив од баба ми. Го подготвувам кога домашните ќе побараат   – појасни   Данче Грозданова од Кавадарци.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »