речник контакт

Блутут мобилните слушалки достапни во Македонија преку ЛКВ Костовски

Велешката фирма ЛКВ Костовски генерални застапници за Плантроникс производи

Петар Печков

Најновите модели на слушалки за мобилни телефони, кои се актуелни во светот и се безжични, од неодамна можат да се најдат и на македонскиот пазар. Со посредство на  ЛКВ Костовски, производите на светски познатата фирма Плантроникс,  се присутни и во Македонија. За таа цел  од Португалија во Велес дојде сопственикот на фирмата Ибер воис, Пауло Игнасио  кој лично ги  презентираше нивните услуги и апарати. Тој е дистрибутер за Европа на овој врвен американски производ.

Овие слушалки  нудат лесна и едноставна комуникација преку блутут мобилни телефони. Можат да се користат за  жични централи, слушалки за кол центри кои ги користат оператори и разни центри.  Ова се најдобри производи во светот и Европа. Колку се практични, кажува што мобилни телефони е забрането да се користат во автомобил а со овие слушалки може да разговарате додека возите.  Има помало зрачење, лесни за користење  - вели Драган Костовски директор на ЛКВ Костовски, која во Македонија ги дистрибуира овие апарати. 

Тие имаат две годишна гаранција.  Едноставно се поврзуваат преку блутут,  Една слушалка може да се користи  за два телефони, потребни се и на поединци, физички лица но и на фирми и правни лица.  Се нудат централи со слушалки за фиксен, мобилен телефон и  за компјутер истовремено.

Слушалките се париират најизменично на два апарати. Се одговара со допир на  копче на слушалката, нема потреба од допир со телефонот. Користат мултипоинт технологија-технологија која овозможува парирање на два телефони најизменично). Далечината на секоја блутут технологија е до 10 метри   - вели Ангел Кицевски од ЛКВ Костовски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »