речник контакт

Богдановски пливаше на СП во Будимпешта, Камбери се бореше на ЕП во Сараево

Олимпијката Богдановски настапи во две трки додека Камбери на кадетското во категоријата до 85 кг

Петар Печков

На Светското првенство во пливање, кое се одржува в о   Будимпешта – Унгарија настапи и Анастасија Богдановски, велешанката родена в о САД. Таа пливаше во две дисциплини, но не ги исплива нејзините најдобри времиња.  

На  200 метри слободно,пливаше  2:02,92 минути  што беше доволно за 28 позиција во конкуренција на 52 натпреварувачки. Овој резултат е послаб за повеќе од две секунди од нејзиниот најдобар резултат и државен рекорд, 2:00,52 минути поставен лани на Летните олимписки игри во Рио во 2016 година.

Богдановски пливаше и  на 100 метри слободно. Таа го освои 33 место во конкуренција на 78 натпреварувачки. Пливачката Богдановски патеката ја исплива 56.56 секунди што е послабо време од нејзиниот и македонски рекорд 56.12 секунди постигнат пред две години на СП во Казан.

Оваа седмица се одржува и Европското првенство за кадети во борење, во Сараево БиХ.  Таму настапи и Кадир   Камбери  член на велешкиот Боречки клуб Борец,  Тој се натпреваруваше во категоријата до 85 кг во слободен стил, каде имаше пријавено 14 учесници.   Во првата борба со Турчинот  Омер Акташ, Камбери загуби со 10:0. Бидејќи Акташ стаса до финалето, Камбери доби шанса во репесажот да се бори за бронза. Но и тука загуби од  Украинецот Данило Стасјук повторно со 10:0. На крајот Акташ беше втор а Стасјук  трет во оваа категорија, каде ,,сефте,, на меѓународен   план имале младиот Камбери. Тој е државен првак за кадети до 85 кг.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »