речник контакт

Божидар Јовиќ ја издаде неговата 11 книга „Развојни вредности“

Издавач е локалниот клуб на велешки автори, писатели, „Коста Солев Рацин“

Петар Печков

Во медиотеката од локалната библиотека „Гоце Делчев“ денес на пладне беше промовирања книгата  „Развојни вредности“ од родно крајниот автор Божидар Јовиќ. Ова е негова 11 книга.  Издавач е  локалниот клуб на велешки автори, писатели,  „Коста Солев Рацин“.

„Содржината на книгата е препорачана на основци и средношколци, на наставен кадар, за употреба на терминологија, кој секојдневно се користат во наставниот процес. Ваква содржина во досегашниот период, во Македонија, не е објавена. Оваа книга го унапредува македонскиот јазик со современи изрази, застапени во структурата на македонскиот јазик“- кажа авторот Јовиќ.
 
Промотор на книгата беше Лила Арсова.  

„Авторот со современ поетски јазик, со чувства  кои му се блиски, во и со секој стих го допираат лирскиот субјект. Таквите вредности се сраснати  во стиховите и се секојдневна опстојувачка потреба и се  составен дел на човечноста“- кажа Арсова.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »