речник контакт

Борец фуриозен на стартот од Третата фудбалска лига Југ

Почна и општинската ,,бундес,,лига

Петар Печков

Со високи 8:0 стартува фудбалерите на Борец во новото првенство од Третата лига Југ. Тие славеа над екипата на Дојранско езеро нa домашен терен. Победи и Превалец на гостувањето во прилепско Горно Коњари,  над истоимената екипа со 3:0.

Пораз на стартот забележа новајлијата во ова друштво Гемиџии со убедливи 4:0 од Кожуф во Гевгелија.  Во второто коло Борец повторно игра  дома, со  Напредок од Крушеане- прилепско, кој во  квалификациите за влез во ова друштво  ја елиминира Бабуна.  

Превалец гостува, овој пат на  Питу Гули во Крушево. Гемиџии играат во гости против Дојранско Езеро во Дојран. 

Стартуваа и екипите од Општинската фудбалска лига, постигнати се следенети резултати.

Бабуна – Мак. Сонце 1:2

Башкими – Интернационал  6:0

Горски – Мартолци  3:4

Форца Нова – Илинден БС  1:2

Тополка – Бирлик  3:2

Младост слободен

        Во второто коло,  викендов играат:

Мартолци  - Башкими

Бирлик –Горски

Младост – Бабуна

Мак. Сонце – Форца Нова

 Илинден БС – Тополка  

Слободен Интернационал

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »